Фолк пејачката Татјана Лазаревска со сопругот Новица и синовите пред неколку години се пресели да живее и работи во далечна Австралија. И ако најпрво тоа го криеше од јавноста, сепак потоа призна дека морала така да постапи додека не ги завршила сите формалности. Разбирливо! Во Австралија одлично се снајдоа со целото семејство, а неодамна купија куќа во Мелбурн. Татјана која воедно ги поздравува читателите на ВЕЧЕР и вели да се чуваме сите од вирусот, преку ден работи како вопситувач во градинка, а преку викендите пее во македонски и српски ресторани со што си ја дополнува заработувачката. Не се откажува од песната и ако тоа бара дополнителен напор со оглед на нејзините работни обврски со децата.
Синот Петар за кој велат дека е “плукнат“ на тато Новица, пред некој ден наполни 16 години.Атрактивната пејачка ни откри дека го прославиле дома роденденот, во изолација бидејќи и таму владе вирусот корона но во помал облик. „Среќни 16“, напиша пејачката и доби многу честитки од пријателите, роднините и колегите од македонската естрада. Татјана ова лето ако биде се во ред, планира да дојде пак во Македонија, да одржи неколку концерти, како и да сними нова песна која би го повторила успехот на хитот “Аце, Аце ај што си убав“. (Д.Миќиќ)