Даела и Дуња се скарале и собориле столпче за електрична енергија

725

По вчерашниот инцидент слониците Даела и Дуња се здрави и живи и чувствуваат добро, велат од Скопската зоолошка градина.

Како што информираат оттаму, инцидентот се случил кога слоницата Даела која е многу енергична сакајќи да земе повеќе храна од Дуња ја подбутнала.

При тоа, поради нивната тежина, тие собориле едно столпче за електрична енергија, а од безбедносните протоколи морале да се евакуираат дел од посетителите во реонот.

-Најважно, најдобрите другарки се повторно смирени и сложни, проблемот веднаш е саниран, а посетата продолжи за 15 минути- велат од Зоолошката градина.

Инцидентот се најде и на страниците на српски „Телеграф“.