Поранешниот трет тенисер во светот Николај Давиденко, се сомнева во силата и враќањето на Швајцарецот Роже Федерер и Шпанецот Рафаел Надал на теренот по санирањето на повредата. Давиденко мисли дека оваа легендарна двојка никогаш нема да се врати на победничките патеки, поточно на старата слава.

-Мислам дека Рафа и Роже тешко дека ќе се вратат на теренот со повредите кои ги имаат. Знам дека некои навивачи сега сакаат да ме удрат и да речат дека зборувам глупости, но прашање на време е кога ќе го видат истото што и јас го гледам. Можеби тие и ќе освојат нешто. Тие можат да играат час, два, но ако нешто не тргне добро, повторно ќе се повредат, изјави Давиденко.

Русинот пред неколку години го средна Роже, а тој му кажал кој му помага да остане во форма.

-Роже и Рафа ќе паднат на АТП листата. Моментно не играат, а не е познато и дали ќе играат. Повредени се и не знам кога ќе се вратат. Роже направи сè што е можно и сè што можеше. Она што тој сака е да си покаже на себеси дека сè уште може да игра и на 40 години. Но, не знам каков лек е потребен за во овие години да изгледа како 20-годишник. Пред неколку години го сретнав во Шангај и го прашав како се држи. Ми рече дека за негова среќа неговото тело сè уште е отпорно и дека да не бил неговиот кондиционен тренер, одамна ќе се распаднел, додаде Русинот.

Федерер и Надал поради повреда веќе одамна ја завршија сезоната, а свое враќање најавија за почетокот на наредната, поточно дека ќе играат на Австралија опен.