Гутереш рече дека Бенедикт Шенаесетти бил „неуморен во неговата потрага по мир“

51

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази сочувство по смртта на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти.

– Го паметиме папата Бенедикт како скромен човек на молитва и проучување, рече Гутереш денеска.

Тој нагласи дека покојниот папа бил „принципиелен во својата вера, неуморен во потрагата по мир и решителен во одбраната на човековите права“.