Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, сака да ја продолжи соработката со германскиот интернационалец, Илкај Гундоган, кој пак веќе има вербален договор со каталонскиот гигант Барселона. Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а британските медиуми открија дека Гундоган ќе добие 2-годишен договор од Барселона и ќе биде замена за Серхио Бускец.