„Гугл“ ќе ѝ помогне на Италија во економското закрепнување

50

„Гугл“ во наредните пет години ќе инвестира повеќе од 900 милиони долари за да и помогне на Италија во економското закрепнување поради кризата предизвикана од коронавирусот, најави извршниот директор, Сундар Пичаи.

„Гугл“ е горд што е партнер во економското закрепнување на Италија. “Italia in Digital” е нов план за забрзување на економското закрепнување на земјата нудејќи низа алатки, обуки и партнерства за поддршка на компаниите и луѓе кои бараат работа”, изјави Пичаи.

Како дел од оваа иницијатива, Google ќе лансира два нови клауд системи во Италија, во соработка со телекомуникацискиот оператор TIM, за да им помогне на малите и средни бизниси, како и на поединците во дигитализацијата.

Италија е една од најтешко погодените земји во Европа, а со короната најмногу се погодени угостителството и сместувањето, логистиката, сообраќајот и трговијата.

Како што покажува италијанскиот институт за статистика (ISTAT), со кризата се погодени 34 проценти од италијанското производство.

Исто така се суспендирани активностите и работењето на 2,2 милиони компании, што претставува 49 проценти од вкупниот износ, притоа 65 проценти од целиот извозен бизнис беше затворен.