Гугл склучи договори за објавување содржини со повеќе од 600 медиуми

21

Гугл денеска соопшти дека склучил договори за објавување содржини со повеќе од 600 медиуми ширум светот, најавувајќи дека ќе одвои една милијарда долари за информативната програма.

Издавачи од десетина земји одобрија објавувањето на содржини, а корисниците може да ги видат во Австралија, Аргентина, Бразил, Германија, Велика Британија и Италија, а деталите на објавата ќе бидат објавени на блогот на Гугл во текот на денот.

Во февруари, Гугл соопшти дека потпишал договори со „повеќе од“ 500 медиумски компании.

Единствениот услов на Гугл е издавачите да обезбедуваат одредена количина содржина дневно, рече шефот на Гугл задолжен за Њуз Шоукејс (News Showcase) Бред Бендер, додавајќи дека финансирањето треба да им помогне на медиумите да ангажираат новинари да уредуваат содржина што ќе се обликуваат во „панели“.

Панелите ќе се објавуваат во апликациите на Гугл – Њуз и Дискавер, рече Бендер.

Корисниците можат да ги „следат“ издавачите за да добијат повеќе панели од нив. Издавачите, вклучувајќи ги „Фајненшл тајмс“ и „Канбера тајмс“, заедно генерираат 7.000 панели на ден и имаат над 200.000 регистрирани следбеници.

Американскиот гигант се надева дека издавачите на крајот ќе ги охрабрат следбениците да се претплатат на некоја содржина или да ги зголемат приходите со повеќе прегледи на содржини поддржани од реклами.