Гувернерот на Вајоминг го потпиша законот за забрана на апчиња за абортус

38
Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, го потпиша законот за забрана на апчиња за абортус, кој претходно беше изгласан во таа американска држава каде на власт се републиканците.Тие таблети се веќе забранети во 13 американски држави со сеопфатни забрани за сите форми на абортус, а 15 држави имаат ограничен пристап до тие апчиња.

Забраната на Вајоминг за таблетите за абортус стапува на сила во јули.

На почетокот на оваа недела, прашањето за пристап до апчиња за абортус беше разгледано пред судот во американската сојузна држава Тексас.