Талентираниот кошаркар Паоло Банчеро (19) откри како губи преку три килограми на еден натпревар.

Американско-италијанскиот кошаркар од познатиот Универзитет Дјук неодамна заврши на медицински прегледи на кои открија дека тој губи по три килограми на секој натпревар. Потоа, се контактирал со лекар за проблемите кои ги има со грчеви, кои ја „убиваат“ ѕвездата на „сините ѓаволи“ оваа сезона.

Банчеро направил тестови за пот и се покажало дека на секој натпревар губел огромен број килограми или над три килограми по натпревар.

За да спречи грчеви, овој дебитант сега пие специјална течност збогатена со кислород, која веднаш се апсорбира и која помага да се спречат грчевите.

Банчеро е еден од кандидатите за прв пик на НБА драфтот следната година. Тој игра феноменално и е најдобар стрелец и скокач во својот универзитетски тим. Во досегашниот дел од сезоната бележи по 18.3 поени и 7.6 скока по натпревар.