Легендарниот НБА играч, Чарлс Баркли, кој нема шампионски прстен, раскажа интересни авантури од неговата кариера во текот на осумдесеттите години.

Тој не криеше кој е неговиот најголем порок во деновите кога беше брилијантен на паркетот во најсилната лига во светот.

  • Сакам да победувам кога се обложувам, возбудливо е. Многу луѓе зборуваат за акцијата што го придружува обложувањето. Сакам пари. Многу е глупаво кога губиш, но феноменално е чувството кога ќе победиш. Тоа го менува мојот менталитет. Не сакав да освојам многу пари, само сакав да победам. Успеав да освојам милион долари за еден ден, четири-пет пати, но изгубив и милион долари за еден ден десет до дваесет пати, не знам точно, шокираше легендарниот кошаркар.

Баркли не крие дека наишол на повици од неговите пријатели.

  • Кога му реков на мојот пријател дека имам проблем со коцкање, тој ми рече: „Немаш проблем, едноставно си идиот“, додаде Баркли, а пренесе „Телеграф“.