Гуаидо ќе ги бојкотира предвремени избори

54

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека политичките опоненти на претседателот Николас Мадуро нема да учествуваат на предвремени избори.

Секои избори додека Мадуро е на власт би биле фарса, посочи Гуаидо.
Актуелната власт во Венецуела најави парламентарни извори на почетокот од идната година.

Во 2015 година, опозицијата освои двотретинско мнозинство во Конгресот и ја презеде контролата врз Парламентот првпат по 16 години.

Владата на Мадуро не призна ниту една од одлуките на Парламентот, а Врховниот суд ја поништи секоја одобрена мерка.

Изборите за Конгресот се одржуваат на секои пет години и не се предвидени пред декември 2020 година