ГТЦ лани прокнижи загуба од 420 илјади евра

113

Градски трговски центар во Скопје 2018 година ја заврши со загуба  од 25.893.000 денари, односно околу 420.000 евра, објавено е на веб страницата на Македонската берза во билансот на успех на акционерското друштво. .

Загувбата е намалена во однос на годината пред тоа, кога изнесуваше 33.936.000 денари, односно малку над 550.000 евра.

-Во 12-месечното работење во 2018 година, Друштвото оствари вкупни приходи од 210.078.000 денари, кои се поголеми за 13%, во однос на претходната 2017 година. Вкупните трошоци изнесуваат 235.971.000 денари, кои се за 1% помали во однос на претходната 2017 година, се наведува во извештајот. .

Се додава дека е остварен негативен финансиски резултат во бруто износ од 25.893.000 денари, кој потекнува од судски решенија од минати години.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31 декември лани, изнесуваат 201.301.000 денари, додека во истиот период од претходната година беа 193.328.000 денари.