Грчкото МНР им препорачува на Грците да не патуваат во Етиопија, а оние кои што се таму, да ја напуштат земјата

29

Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение за безбедносната состојба во Етиопија, им препорачува на грчките државјани кои престојуваат во земјата, да ја напуштат, што е можно поскоро, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР истакнуваат дека „безбедносната ситуација во Етиопија е особено кревка и е сè понепредвидлива бидејќи продолжуваат вооружените конфликти со несмалено темпо“, па так ги повикуваат грчките граѓани да не патуваат во земјата, а оние кои се таму да ја напуштат.

За останатите, кои ќе изберат да останат во Етиопија, Министерството за надворешни работи на Грција апелира да бидат внимателни, да го следат развојот на настаните, да ги ограничат нивните движења, да имаат доволно храна, вода и гориво и да бидат во контакт со грчката амбасада или со секторот за управување со кризи во грчкото МНР.