Грчки колачиња со мед

536

Како најава за претстојните празници, не постои посоодветен предвесник од овие колачиња со мед. Во Грција се познати како меломакарона, а се навистина едноставни за приготвување, слатки и неодоливи како мед и ореви. Обично се приготвуваат и јадат за божиќните празници, но тоа не значи дека не може да се уживаат кога ќе ви се присака нешто медено.

Потребно е:

6 ½ шолји сенаменско брашно

2 лажичиња прашок за печиво

1 лажиче сода бикарбона

Прстофат сол

Рендана кора од портокал

¾ шолја шеќер

1 шолја маслиново масло

1 шолја растително масло

¾ шолја сок од портокал

¼ шолја бренди

За сирупот:

1 шолја мед

1 шолја шеќер

1 ½ шолји вода

1 стапче цимет

3-4 цели каранфилчиња

Кора од портокал

1 лажиче лимонов сок

За украсување

Грубо исечкани ореви

Цимет во прав

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Во голем сад измешајте ги брашното, печивото, сода бикарбоната, и солта. Во сад за матење измешајте ги кората од потокалот со ¾ шолја шеќер. Истријте ги зрната шеќер да ги впијат маслата од портокалот. Со електричен миксер додадете ги маслата и шеќерот со порокал и матете додека да се соединат. Додадете ги сокот од портокал и брендито и повторно убаво измешајте. Постепено додавајте ја и смесата со брашното, шолја по шолја, додека да се формира тесто кое не е премногу меко, ама и не е премногу тврдо. Треба да е полно и влажно, ама не и лепливо.

Земајте делови од тестото и обликувајте колачиња во големина на орев. Со помош на рацете направете овална форма, речиси како мало јајце. Редете ги колачињата на плех обложен со хартија за печење и печете ги 25-30 минути додека да почнат да добиваат боја. Кога ќе ги потопите во сирупот ќе потемнат. Додека се печат, подгответе го сирупот така што ќе ги ставите сите потребни состојки во тенџер – медот, шеќерот, стапчето цимет, каранфилчето, кората од лимон, и ќе оставите сирупот да зоврие. Потоа намалете го огнот, и оставете да врие со отворен поклопец 10-15 минути. Отстранете ги зачините, и оставете го сирупот на страна. Уште топлите колачиња полека потопувајте ги во сирупот, да го впијат убаво од двете страни. Вадете ги внимателно и редете ги на чинија. Во средината, полека притиснете по грубо сечкани –бадем-лешник и наросете со цимет.