Грчки државјани повредени во сообраќајна несреќа кај Скопје

166

Двајца грчки државјани биле повредени во сообраќајна несреќа кај Скопје, откако нивното возило излетало од патот.

-На 04.08.2022 во 06.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, кај надвозник за с.Смилковци, патничко возило „нисан кашкаи“ со грчка национална ознака, управувано од И.Н.(64) од Република Грција, изгубило контрола и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Н. и сопатничката М.К.(64) од Република Грција, на кои им била укажаната лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. – информираат од МВР.