Грчки бомбардери го прелетаа македонското небо

228

За прв пат со дозвола од македонските власти грчки борбени авиони денеска го прелетуваат нашето небо. Станува збор за два прелети од 7.30 до 9.30 часот како пробно тестирање во рамки на НАТО-договорот, според кој одредена земја го чува небото на друга членка доколку таа ги нема потребните ресурси за тоа.

Прелетувањето на македонскиот воздушен простор е за потребите на НАТО мирновременската мисијата „„Air Policing“

Инаку грчките ловци, според договорот на двете владини делегации во Скопје, ќе го чуваат македонското небо штом Македонија ќе стане полноправна земја-членка на НАТО.

„Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност“ соопшти Министерството за одбрана.