Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите

67

Средба со грчкиот премиер и претставници на Владата, бараат грчките земјоделци кои на вчерашниот состанок решија не само да продолжат со блокадите и протестите, туку и да ги засилат нивните активности, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку грчката новинска агенција АНА-МПА, министерот за земјоделство на Грција, Ставрос Араховитис упати нов повик до земјоделците за средба в среда, на која би се разгледале сите барања, а на која би присуствувале претставници и од Министерството за земјоделство и од Министерството за финансии.

Земјоделците имаат поставено 18 блокади низ цела Грција, а автопатот Солун-Атина, во близина на грчкиот град Лариса, и понатаму е затворен и во двата правца, од минатиот понеделник, а сообраќајот е пренасочен по локални и споредни улици.