Грчкиот „Хачико“ година и пол не се поместува од местото каде загинал неговиот сопственик

136

Верно куче во Грција ги растопи срцата на милиони луѓе откако се слушна приказната дека последните 18 месеци ги поминува на местото на кое неговиот сопственик го загубил животот во сообраќајна несреќа.

Белото куче кое веќе го доби прекарот „грчки Хачико“ (според познатиот филм), наводно живеело крај патот во близина на грчкото гратче Нафпактос во последната една и пол година, односно веднаш по сообраќајката во која загинал неговиот сопственик. И покрај напорите на некои луѓе да го вдомат, тој секогаш им бегал и се враќал на местото на кое загинал неговиот газда Харис.

Не е познато дали кучето било во автомобилот кога се случила несреќата. Откако виделе дека секој ден стои и чека на истото место, добри луѓе за него изградиле импровизиран дом и секојдневно му носат храна и вода. Кучето одбивало да се потргне од местото дури и во најжешките денови.

Верното куче стана познато во Грција минатата недела, откако локалниот сајт „Нафпактиа њуз“ ја објави приказната.