Грчкиот амбасадор Јанакакис ја посети Општина Битола

464

 Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, оствари работна средба со грчкиот амбасадор во земјава Димитрис Јанакакис и со генералниот конзул на Грција во Битола, Ахилес Ракинас.

На средбата соговорниците разменија информации за моментната состојба со Ковид-19, како и за други актуелни теми од интерес на локалната заедница.

Градоначалничката Петровска и амбасадорот Јанакакис посебен акцент посветија на актуелните погранични проекти на локалните самоуправи во регионот финансирани Европската Унија, се нагласува во соопштението од секторот за односи за јавност по завршувањето на посетата на грчките дипломати на Општина Битола.