Грчка полиција разби „терористичка мрежа“ што планирала напади

17

 Грчката полиција и разузнавачките служби денеска соопштија дека разбиле „терористичка“ мрежа што планирала напади, при што се уапсени двајца странци.

„По координирани акции на грчката полиција и Националната разузнавачка служба, беше разбиена терористичка мрежа која од странство планираше напади врз внимателно одбрани цели на грчка територија“, се вели во соопштението без да се наведат детали.