Грчката полиција откри случај на режирано киднапирање и грабеж од 4.2 милиони евра

93

Кон крајот на јануари годинава, 44-годишен маж од грчкиот град Кавала пријавил во полиција дека го нападнале две маскирани лица, му рекле дека ја киднапирале неговата малолетна ќерка, побарале од него да го отвори сефот во агенцијата за обезбедување во која бил директор, одзеле 4.2 милиони евра и побегнале.

Единаесет месеци подоцна, грчката полиција, по добро организирана истрага и акција, открила дека станува збор за режиран случај на кражба. Полицијата ги уапси тројцата инволвирани во грабежот и пронашла голем дел од украдените пари, 3.4 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Парите биле пронајдени на различни локации, скриени во бунари, во кутии, во звучник, а еден дел биле закопани во дворот на продавница за автомобили што е во сопственост на двајцата „крадци”, односно на двајцата уапсени.