Грчката опозиција нема да го признае потписот на Џафери?!

120

Универзитетскиот професор Игор Јанев коментира дека можноста за Законот за ратификација на договорот со Грција да биде испратен без потпис од шефот на државата туку само со потпис на собранискиот спикер ќе се смета за пропуст кој ќе го искористи грчката опозиција за да не го прифати договорот. “Затоа на СДСМ и се брза на 2 февруари да почне постапката за избор на нов претседател на Македонија, па по неговиот избор во март-април, односно април-мај новиот претседател да ги допотпише сите акти, доколку грчката страна не го признае потписот на Џафери. Но, веројатно ќе биде доцна” вели Јанев

За грчкиот парламент да го ратификува Преспанскиот договор, потребни се три предуслови, вели универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев. Тој набројува дека тие се: дополнителен анекс или протокол за јазикот кој нема да прифатат да биде „македонски”, потоа отстранување на терминот “македонски народ” од амандманот 36 и во Уставот од членот 49 и трето можеби и најважно указот за ратификацијата мора да биде потпишан од претседателот Ѓорѓе Иванов, а не од претседателот на парламентот Талат Џафери.

Јанев коментира дека можноста за Законот за ратификација на договорот со Грција да биде испратен без потпис од шефот на државата, туку само со потпис на собранискиот спикер ќе се смета за пропуст кој ќе го искористи грчката опозиција за да не го прифати.

Јанев тврди дека грчката опозиција нема да го признае потписот на Џафери и ќе смета дека ратификацијата не е завршена до крај, со што Договорот од Преспа би станал неважечки.

– За тој пропуст ќе се фатат поголем број од грчките опозициони пратеници кои ќе ја отфрлат иницијативата за ратификацијата на фалично завршена работа во македонскиот парламент! Затоа на СДСМ и се брза на 2 февруари да почне постапката за избор на нов претседател на Македонија, па по неговиот избор во март-април, односно април-мај новиот претседател да ги допотпише сите акти, доколку грчката страна не го признае потписот на Џафери. Но, веројатно ќе биде доцна, вели Јанев.

Универзитетскиот професор е еден од ретките Македонци што стигнал да биде член на Академскиот совет за системот на ОН и експерт што од првиот ден ја брани тезата дека Македонија мора да го одбрани името во Генералното собрание на ОН, а не со медијатори, по судови или преку Советот за безбедност.
Дека премиерот Алексис Ципрас треба во грчкиот парламент да бара ново мнозинство, говори и изјавата на изјавите на челните луѓе од опозицијата, па и од неговиот коалициски партнер Независни Грци, дека нема да гласаат за договорот од Преспа.

Претседателот на собранието Талат Џафери, во интервју за весникот Вечер најави дека доколку претседателот Иванов упорно одбива да стави потпис на договорот тогаш ќе биде потпишан од него.

– Очигледно претседателот Иванов одбива да го спроведува, но тоа остава можност соодветно само со мојот потпис законите да се објават во Службен весник и со тоа да се стават во функција, затоа што како што кажав основната определба на парламентарната демократија е волјата на Собранието да не може никој да ја попречи, освен во постапка кога Уставниот суд може да ја преиначи таа волја. Ниедна друга власт не може да се меша во работата на Собранието, како што и Собранието не може да се меша во работата на другите власти, изјави Џафери во интервјуто за “Вечер”. (Е.А.)