Грција ја укина забраната за дарување крв на хомосексуалци

372

Мажите кои имаа истополови сексуални односи сега можат да даруваат крв во Грција, откако беше укината децениската забрана.

Министерот за здравство Танос Плеврис и неговата заменичка Мина Гага вчера потпишаа министерски декрет за нов модел којшто потенцијалните крводарители мора да го пополнат, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Новиот документ ги отстранува хомосексуалните дејствија од листата на критериуми кои забрануваат дарување крв. Истиот ќе стапи во сила со објавувањето во службен весник.

Постоечкиот документ за крводарителство забранува дарување крв на секој маж кој во секое време имал сексуален однос со друг маж од 1977 година, пренесува Танјуг.

Многу земји воведоа контрола на дарувањето крв по епидемијата на СИДА во 1980-тите, кога заразената крв, донирана од корисници на дрога и затвореници, ги контаминираше залихите. Грција беше една од ретките земји што воведе забрана.