Грција од утре ги затвора границите за Србите

164

Грција од утре ги затвора границите за српските државјани, потврди за српските медиуми министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.

Причината за таквата одлука на грчките власти е поради епидемиолошката ситуација во Србија и големиот број на тестирани лица од земјата во Грција кои биле позитивни на коронавирус.

„Одлуката е донесена поради епидемиолошката состојба во Србија и големиот број српски државјани кои имале позитивни тестови на ковид-19 во Грција“, рече Љајиќ.

На оние српски државјани кои се веќе на одмор во Грција ќе им биде дозволено да останат до крај.

Инаку, на туристите од Србија влез во Грција им беше дозволен само преку Бугарија.