Грција од вакцините ќе одвои дел и за нас

46

Министерството за здравство преговара по три механзими да набави по 800.000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја, рече министерот за здравство Венко Филипче.

-Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот минисер за здравство, којшто после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, којашто ќе стигне во Атина за нивното население, една количина ќе одвојат и за нас. Практично ги користиме сите инструменти вклучувајќи го и Ковакс механизмот  којшто ни беше прв на располагање и секако преку овие директни договори на останатите земји членки на ЕУ да обезбедиме одредена количина вакцини и за нас  – рече Филипче.