Грција згрозена од снимката од групен секс на Акропол: Со векови не се случил ваков ужасно развратен чин

1855
Партенон, антички храм посветен на божицата Атина изграден во петтиот век п.н.е., од своето место на врвот на Акропол, беше сведок на падот на цивилизациите и падот на империите. Сепак, во своите 2500 години, ова место можеби никогаш не видело нешто слично на она што се случи деновиве на ова место деновиве.
Откако група мажи организирале групен секс во мал храм во комплексот Акропол, пишува The Times, а потоа се снимале за време на чинот, грчките власти решија да постават камери за надзор на Партенон.
Лина Мендони, грчката министерка за култура, изјави дека на теренот ќе биде поставен безбедносен систем кој ќе се состои од 150 камери и контролна соба.
„Тоа беше развратен, ужасно развратен чин. Тоа е најсрамниот напад на светоста на местото“, изјави за Тајмс Јоанис Маврикопулос, шеф на обезбедувањето на Акропол.
Одлуката за поставување безбедносен систем е донесена во екот на туристичката сезона, додека десетици илјади луѓе секојдневно го посетуваат Акропол, чувани од 100 обезбедувачи.
Претставниците на Министерството за култура одбија да дадат детали за безбедносниот систем, но рекоа дека тој е финансиран од фондацијата формирана од Аристотел Оназис, покојниот поморски тајкун.
„Тоа е важен чекор во вистинската насока. Мора прво да инвестираме во заштитата на нашето културно наследство. Вистинската заштита на наследството е знак на цивилизација“, изјави Маврикопулос за Тајмс, повикувајќи ги властите „да преземат слична заштита низ целата земја“.