Грција за прв пат во историјата издаде благајнички записи со негативна каматна стапка

87

Грција денеска издаде благајнички записи со негативна каматна стапка за време на денешната аукција, а грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, рече дека ова се случува прв пат во историјата на земјата, jави дописничката на МИА од Атина.

Од агенцијата за управување со јавниот долг на Грција соопштија дека за благајничките записи во траење од 13 седмици, каматата изнесувала -0,02 отсто, а државата доби 487,5 милиони евра.

Оваа разврска ја коментираше и претседателот на владата на Грција, Кирјакос Мицотакис на денешната седница на пратеничката група на Нова демократија. Говорејќи за економијата рече дека земјата дека земјата веќе е на пазарот со каматни стапки пониски од било кога до сега.

–Пред малку ме известија дека Грција за прв пат во нејзината историја издаде благајнички записи со негативна, го повторувам тоа, со негативна каматна стапка, рече Мицотакис.