Грција го протерува либискиот амбасадор поради турско-либискиот договор

78

Грција најави дека ќе го протера амбасадорот од Либија во земјата. Причината за ваквиот потег е тоа што Либија и Турција потпишаа договор на 27 ноември со кој се исцртува морската граница меѓу двете земји во близина на Крит.

Амбасадорот Мохамед Јонис АБ Менфи има 72 часа да ја напушти земјата, соопшти грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на брифинг со новинарите. Дендиас го нарече турско-либискиот договор „бесрамно кршење на меѓународното право.

Грција и Турција не се согласуваат по повеќе прашања од правата над енергетските извори во Егејското Море до етнички поделениот Кипар. Тензиите се зголемија и поради експлоатацијата на гас од страна на Турција во близина на Кипар, а Европската унија веќе подготвува санкции за Турција како одговор на нејзините потези.