Дома МАКЕДОНИЈА Груевски ќе остане без плата- пратениците свикнаа да дигаат два прсти

Груевски ќе остане без плата- пратениците свикнаа да дигаат два прсти

46

Пратеничката Фросина Ременски ги потсетува пратениците дека истекуваат шест месеци како пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, отсуствува од работата на Собранието, со што се исполнуваат условите да му биде одземен пратеничкиот мандат.

Ременски ги повика пратениците на нивната одговорност, но и надлежните институции на нивната обврска да истражат како пребега поранешниот премиер.

„Денес истекуваат 6-те месеци неоправдано отсуство од работата на Собранието на пратеникот азилант Никола Груевски. Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа “за”, напиша Ременски на нејзиниот фејсбук профил.