Груевски со лисици на рочиште за екстрадиција

135
 Азилантот Никола Груевски утринава е во судот во Будимпешта на рочиште за барањето за екстрадиција од македонските власти, објави унгарскиот весник „ХВГ“. Поранешниот премиер дојде во судницата со палто врз рацете и темни очила и безбол капче, кои не ги извади ниту кога почна рочиштето.

Адвокатите на Груевски како што пренесува весникот, побараа рочиштето да биде затворено за медиумите,а обвинителството се согласи.