Ден по интервјуто на грчкиот премиер Ципрас, во кое, тој изјави дека екс премиерот Груевски никогаш не сакал да преговара за промена на името, вчера со реакција се огласи и самиот Никола Груевски.

“Сакам да посочам дека всушност Ципрас никогаш не предложил такви разговори кои јас сум ги одбил.
Впрочем, пред неговото доаѓање за премиер, водев интензивни разговори со г-динот Папандреу со кого имавме 10 лични средби по ова прашање, но за жал заради познатите грчки позиции или црвени линии како што тие ги нарекуваа, не дојдовме до решение, кое подоцна би го предложиле на граѓаните на референдум”,напиша Груевски на фејсбук.

Според него, тој со Ципрас имал само две меѓусебни комуникации, на кои грчкиот премиер, воопшто не предложил разговори за решавање на спорот за името, поради две причини.

Првата, затоа што реално 2015-та година Грција била во длабока економска и финасиска криза и негов врвен приоритет тогаш било справувањето со таа криза која бурно започна во 2008 година. “Сите премиери и водачи на земјите од ЕУ и пошироко имаа разбирање за неговата нефокусираност и незаинтересираност за изнаоѓање решение со нас во едно такво време, бидејќи и за нив и за нивните банки кои позајмуваа на Грција финасиската криза во Грција им беше далеку поприоритетна.”-пишува Груевски

Втората причина заради која Ципрас не се одзвал на повикот за разговори е затоа што на почетокот на 2015 во Македонија започна политичката криза со што како што пишуа екс премиерот, Ципрас сосема логично одлучил дека е подобро да го почека расплетот на кризата “Едноставно тој процени дека ако почека, може ќе има далеку за нив подобар соговорник кој е спремен на далеку поголеми остапки во однос на националните прашања, името, идентитетот, историјата…заклучува Груевски.