Груби: Никој не треба да го оспори евро-атланскиот процес

34

НАТО и ЕУ се апсолутен приоритет на ДУИ, Албанците и сите други граѓани во Македонија, затоа никој не треба да го оспори овој процес, рече пратеникот и организациски секретар на Демократската Унија за Интеграција Артан Груби на денешната средба со шефот на Канцеларијата на НАТО во Македонија Зоран Јанковиќ.

-Евентуалното оспорување или загрозување на овој процес од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Алијансата на Албанците во ниту еден случај не треба да го ставаат под прашање успешниот завршеток на еден волку голем и важен процес, не само за Македонија, туку и за Југоисточна Европа, затоа што за овој процес одговорност носиме сите, рече Груби.

Како што соопштуваат од прес-службата на партијата, двајцата соговорници на средбата разговарале и за актуелната ситуација во Македонија, со посебен акцент на зачленувањето на земјата во НАТО.

Груби нагласи дека ДУИ во целост го поддржува процесот за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ како конкретен придонесувач за постигнување на Преспанскиот договор.