Гром за малку ќе ја погодеше Белата куќа: Двајца загинаа, а две лица се тешко повредени/ВИДЕО

85

Две лица загинаа, а две се тешко повредени во удар на гром спроти Белата куќа во Вашингтон вчеравечер.

Џејмс Милер (76) и Дона Милер (75) починале од повредите откако биле погодени од гром во паркот Лафајет, недалеку од Белата куќа, потврди полицијата. Постарата двојка била на туристичка тура, пишува CNN.

Плоштадот Лафајет, јавен парк од седум хектари лоциран северно од Белата куќа, често е преполн со посетители, особено во летните месеци. Гром удри во четири лица во близина на дрво кое се наоѓа на неколку метри од оградата околу претседателската резиденција и канцелариите.

Температурата во Вашингтон во четвртокот беше повеќе од 32,2 степени Целзиусови. Силни грмотевици го погодија главниот град на САД подоцна во текот на денот. Припадниците на американската тајна служба и полицијата, кои редовно се присутни на плоштадот, веднаш им укажаа помош на настраданите, изјави портпаролот на противпожарната служба на Вашингтон, Вито Маџоло.