Ромен Грожан помина без сериозни повреди откако неговиот болид експлодираше на почетокот на трката за Големата награда на Бахреин.

Неколку часа по несреќата, Грожан се јави од болницата, од каде изјави дека животот му го спасил системот за заштита, односно „ореолот“.

  • Пред неколку години мислев дека „ореолот“ е непотребен, а денес мислам дека тоа е најдоброто нешто во Ф1, нешто без кое веројатно не би можел да ви се обратам денес, истакна Грожан.

Сцената во која Грожан излегува од запаленото возило го обиколи светот. На крајот, искусниот возач помина со полесни повреди на рацете.