Илјадници луксузни автомобили пропаѓаат покриени со прашина бидејќи сопствениците ги оставиле во пустина во близина на Дубаи.

„Ролс Ројс“, „Ферари“, „Бентли“ и многу други скапи автомобили се наоѓаат на таканаречените „гробишта на суперавтомобили“, во Шаржи, во Обединетите Арапски Емирати.

Нивните сопственици биле бизнисмени кои банкротирале, а потоа побегнале од земјата за да ги избегнат строгите закони за долгови и потенцијалните законски казни.

Но, некој има корист од овие „гробишта“. Тука можат да се најдат резервни делови за овие скапи автомобили и тоа по пристапни цени.