Грковска – Норман: Северна Македонија и Канада имаат партнерски и пријателски однос

32

Северна Македонија и Канада имаат партнерски и пријателски однос, се согласиле на денешната средба вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и амбасадорот на Канада во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Џајлс Норман.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на Грковска, на средбата потсетиле дека Канада беше голем поддржувач во процесите за влез на Република Северна Македонија во НАТО.

Вицепремиерката Грковска оценила дека за нас е многу значајна поддршката која Канада ја дава на Владата. Таа го запознала амбасадорот Норман со процесот за пристапување на нашата земја во ЕУ.Амбасадорот Норман потенцирал дека процесот на пристапување во Европската Унија е значаен не само за Република Северна Македонија, туку и за целиот регион и ќе донесе дополнителна стабилност и просперитетна иднина.