Грковска: Долгорочно функционално решение за одговорност од институциите

32

На владина седница е донесен заклучок дека треба да се најде мехнизам со кој ќе се следат заклучоците на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и ќе се направи систем како тие ќе се реализираат до самиот крај, изјави вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Во гостувањето во Топ Тема на Телма, Грковска информира дека е во тек дискусија за процесот на реформи и реорганизација на јавната администрација и очекува да даде одговор на многу од овие решенија.

– Тоа нема брзо да го направиме, да бидеме реални, тоа мора да е системски промислено долгорочно решение за кое сите ќе се усогласиме дека е функционално и оти одговара на тоа што сите сакаме да го постигнеме, а тоа е како најдобро да воспоставиме механизам со кој ќе ги натераме институциите да бидат одговорни и брзо да реагираат на укажувањата на ДЗР од една страна, а од друга страна да го заштитиме јавниот интерес и на државата, да не губи државата и сите ние средства само заради одредени пропусти, изјави Грковска.

Сите ние, истакна, носиме одговорност на местата на кои сме вработени.

– Не може некој да се крие зад политичката припадност, кога не си ја извршува задачата и да се повикува на тоа дека е санкциониран заради тоа што е припадник на одредена политичка партија, во суштина се сведува на непочитување на рабтните обврски што ги има, рече Грковска.

Таа информира дека од нејзиниот Кабинет имаат испратено до институциите барање во рок од 30 дена да направат акциски план за трошењето на средствата и ќе се следи реализацијата на планот.

Потенцира дека со ДЗР имаат ист пристап во однос на тоа кои се најгорливите проблеми во државата и како тие треба да се решааваат.

– Неподелено е мислењето дека имаме сериозен проблем со вработените во IT секторот, со вработените во сметководствнеиот дел. Се соочуваме со еден дел во администрацијата со недостаток на човечки ресурси во многу клучни одделенија, а имаме превработени во друг дел што и не е толку суштински, оцени Грковска.

Прашана како да се воспостави механизам на контрола за трошењето на парите вицепремиерката Грковска истакна дека Владата многу сериозно ги има сфатено укажувањата од ДЗР, а потребна е и координацијата меѓу сите институции како што се ДЗР, ДКСК, инспекцискиот совет и други институции за заеднички да се воспостават механизми на внатрешна контрола, ефикасен транспарентен систем што го заслужуваат сите граѓани.

Вицепремиерката наведе дека веќе е остварена и соработка со НВО во делот на владеењето и креирањето добри политики, во делот на следење на јавните расходи, како се користат буџетските средства и таа соработка со граѓанскиот сектор, подвлече, е клучна за изнаоѓање механизам за подобра контрола и за вопспоставуање систем што ќе стане поефикасен и транспарентен.

Директорот на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски во однос на извештајот за јавниот долг, кој меѓу другото даде податок дека во услови на Ковид 19 пандемијата постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 отсто од Бруто домашниот производ, нагласи дека во најголем дел задолжувањето на нашата државата произлегува за покривање на дефицитот на буџетот на државата и одреден дел што се однесува на капитални инвестиции. Треба да се има предвид, рече тој, дека државта во текот на 2020 и 2021 година одвои 576 милиони евра во шест економски мерки за санирање на последиците од пандемијата и тоа се во суштина, рече, главните причини за зголемување на бруто домашниот производ.

Направена е паралела со останати држави од светот каде на ист начин постпауваат во делот на обезбедување на средства.

– Загрижува во самиот извештај тоа што човечките ресурси со кои располагаат самите министерства, организационата форма која се грижи за начинот на задолжување, но исто така и капацитетот на нашата држава за следење на она што значи повлеквуање на средствата за одредени кредити што се по пат на одредени меѓународни финансиски институции и високата маржа на платени споредни трошоци за неискористените кредитни транши. Би дал податок само за висината на платените споредни давачки за неповлечени кредитни транши за пругата Куманово – Бугарска граница, каде имаме платено или ќе полатиме 4, 325 милион иевра за ненавремено повлечени транши, рече меѓу другото Ацевски.

Потенцира дека мора да ги градиме механизмите за контрола во самите институции што се крајни корисници на средствата.

Според него, мора да се констатира дека во суштина најголемиот влог треба да биде во делот на превенцијата, а потоа во делот на санкциите.

– Ако имаме системи или институции во јавниот сектор каде има добар систем на внатрешна контроли, добар систем на вантрешн аревизија, тогаш ризиците од корупција и оза лошо управување со јавните средства ќе бидат на далеку пониско ниво. Се уште за жал имаме проблеми со налинот на урпавување со ризиците и затоа имаме последици од несоодветно управување со ризици. Мора да имаме систем на вреднување на резултатит. Немаме досега воспоставен систем во кој ќе се мери учинокот на секоја институција посебно во однос на воспоставуање индикатори за успешност во своето работење, појаснуваше директорот на ДЗР.

Тој повтори дека основен предуслов за наменско користење на срествата на даночните обврзници е само системот на внатрешни контроли.

Според Ацевски, има катастрофални наоди во однос на средствата што се дадени од државата, а недостасува општествената одговорност од крајните корисници. Меѓу другото наведе дека државата нема соодветна евиденција и извештаи и нема општестватена одговорност за начинот на користење на дадените средствата.