Фудбалските медиуми во Шпанија открија дека францускиот интернационалец од редовите на Атлетико (М), Антоан Гризман, не бил ни малку задоволен од реализираниот трансфер на холандскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Мемфис Депај. Гризман бил разочаран од фактот дека сега ќе мора да ја дели минутажата со Депај и затоа планира да ја промени средината за време на летниот преоден рок.