Грејната сезона може да почне и пред 15 октомври

62

Доколку од утре макар еден ден дневните просечни температури паднат на 12 степени или пониско, радијаторите ќе мора да почнат да греат.

Така е предвидено со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура тековниот ден од Управата за Хидрометеролошки работи. Дали ќе биде така, зависи дали ќе има гориво за топланите.

Од „Балкан Енерџи Груп“ информираа дека сите ремонтни активности на мрежата се направени, но оваа година нема да се проверува системот за топлинска енергија преку ладните проби поради високата цена на електричната енергија. Затоа корисниците треба да бидат на штрек да не се појават евентуални дефекти во домашната инсталација.

Инаку, лани грејната сезона почна на 7 октомври бидејќи прогнозираната дневна температура беше 11,8 Целзиусови степени.