Грбиќ се договори со ЧСМ Букурешт

95

Црногорската репрезентативка Итана Грбиќ во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што се договори за трансфер во редовите на романски ЧСМ Букуреш . Романскиот првак кој има ѕвезден тим важи за една од екипите која е фаворит за златото во Лигата на шампионките. ЧСМ веќе подготвува тим за наредната сезона, донесе девет нови ракометарки, а една од нив е некогашната вардарка.

Итана Грбиќ има 22 години, а кариерата на големата сцена ја почна токму во Вардар, каде доби шанса да игра елитен ракомет и да биде дел од Лигата на шампионите. Во македонскиот тим мина две сезони, а потоа се пресели во Будуќност. Левото крило игра стандардно и за репрезентацијата на Црна Гора, за која има 38 настапи и вкупно 41 гол.