Граѓаните урнаа рекорд, во декември скенирале 12,5 милиони фискални сметки

214

Само минатиот месец граѓаните скениранле 12,5 милиони фискални сметки, што е  за над половина повеќе од вообичаено, информираат од Министерств ото за финансии.

-Резултатите од наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда се и над очекувањата. Во периодот од јули до ноември минатата година, просечно месечно скенирани се по осум милиони фискални сметки. Сега, само во декември, скенирани се 12,5 милиони фискални сметки, односно постои раст од над 53 проценти, информираат од министерството.

Според нивната евиденција, во периодот од 15 до 31 декември скенирани се осум милиони фискални сметки, односно во 15 дена се скенирани онолку сметки колку што во претходниот период просечно се скенирале во текот на цел месец.