Граѓаните од планинските села во Гевгелиско можат да пријавуваат штети од невремето

38

Жителите од подпланинските села Серменин,Ново Конско и Моин кои вчера,во попладневните часови,беа зафатени од невреме проследено со силни врнежи од град,од денеска можат да пријавуваат настанати штети до надлежната општинска комисија,потврдија од локалната самоуправа во Гевгелија.

Покрај шумата,градот кој во одделни предели бил со големина на јајце,предизвикал сериозни штети и земјоделки посеви во атарите на споменатите села.

Пријавувањето на настанатите штети се врши со пополнување на барање кое се добива на пријавницата во општинската зграда во Гевгелија кое до надлежната комисија треба да биде пропратено со имотен лист,договор за закуп и копии од лична карта и трансакциска сметка на оштетените граѓани.

Општинската комисија за проценка и утврдување на пријавената штета ќе постапи по доставените барања и ќе излезе на терен заради утврдување на фактичката состојба и висината на настаната штета.