Граѓаните да не ја користат трим патеката над градот

149

Општинскиот штаб за заштита и спасување им препопрачува на граѓаните да не ја користат трим патеката над градот која води до манастирот „Свети Илија“-соопштија денеска од Општина Струмица.

-Од воведувањето на вонредната состојба и апелите граѓаните да останат дома, голем број струмичани, посебно помлади, ја користат трим патеката. Од тие причини Општината апелира граѓаните да не ја користат за да не доаѓа до поблиски контакти и можно пренесување на коронавирусот-велат од локалната самоуправа.

Трим патеката е долга 2.100 метри и на неа има поставена справи за вежбање, а на струмичани им е омилено место за спорт и рекреација.

Извор: МИА