Кошаркарскиот клуб Гран Канарија сериозно размислува да не игра во Евролигата следната сезона, пренесуваат неколку странски медиуми. Тимот од Канарските Острови го освои Еврокупот и со тоа автоматски обезбеди учество на елитното натпреварување, но е во дилема.

Причините за такво нешто се финансиски, логистички и натпреварувачки – 34 натпревари со најдобар ритам, плус напорен распоред на патувања.

Последен пат „канаринците“ играа во Евролигата во сезоната 2018-2019, кога имаа скор 8:22, додека во АЦБ-лигата не успеаја да се пласираат во плејофот и завршија на 12. место.