Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница, кој досега работеше од 7 до 23 часот, од утре ќе биде отворен нон-стоп.

Од 1 јули, 24 часовно работно време ќе имаат граничните премини Евзони, Дојран, Промахонас, Ники, Кастаниес, Кирои, Нимфаија, Орменеио, Кристалопиги и Какавиа, а од 2 јули, 24 часа ќе биде отворен и граничниот премни Ексохи, јавуваат грчките медиуми.