Граничните премини генерално не се омилени места во светот. Но, може да го промените ова мислење доколку се затекнете на преминот меѓу Шпанија и Португалија.

Овие две земји ги поврзува само еден мал мост, наречен „Ел Марко“, кој е во должина само од три метри и ширина еден метар. Благодарение на своите димензии ја носи титулата најкусиот меѓународен мост во светот.

Мостот го изградиле работници од двете држави со пари од Европската унија, бидејќи претходниот импровизираните мостови ги уривала реката. Како што е мал и дрвен, не е погоден за премин со автомобил, туку само за пешки и со автомобил. Она што го прави дополнително впечатлив за око е местоположбата каде што се наоѓа.

Местото изгледа како од бајка, каде престануваат белите куќи во медитерански стил и почнува шума и одеднаш застануваш до овој мал мост кој низ зеленило поминува над реката. Во летните месеци кога водата ќе пресуши, оваа река станува толку скромна што не ви треба мост – можете да ја прескокнете.

До неодамна немаше мост. Селаните од двете страни користеле штициза да преминат на другата страна, а за поимот граница воопшто не се замарале. Затоа шверцувањето било дел од секојдневието. Наутро од Пртугалија пристигнува добро кафе, а навечер од Шпанија локалното вино. Кога со шенгенски договор ова било дозволено , мештаните тоа не го ни забележале.

Единствена модерна промена системот за означување. На шпанската стрна има камен на подот со биквата Е, кој означува дека сте во Шпаниј, а од поругалската страна камен со ознаката П.  Но, со обзир на тоа што тука и да нема туристи се  работи само за формалност.

Мостот „Ел Марко“ е во местото Ла Кодосера, кое се наоѓа околу два и пол часа возење од Лисабон. Дел е од паркот на природата „Сера де Сао Мамеде“. Природата воодушевува, а во далечината може и да се види некој дабар, рис или волк.