Гранит Џака за Ериксен

61

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на данскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Кристијан Ериксен. Офанзивниот играч за врска не е задоволен од третманот во Милано и затоа ќе биде продаден веќе во јануари. Освен парична понуда, популарните „топчии“ се подготвени во обратната насока да го испратат и швајцарскиот интернационалец Гранит Џака.