EPA-EFE/ANTONIO BAT

Продолжува доминацијата на норвешкиот ски-скокач, Халвор Егнер Гранеруд, откако овој пат славеше на домашен терен во Лилехамер. Тој беше подобар од Штефан Крафт за само 2,3 поени за прва победа пред своја публика.

Во првата серија искусниот Австриец Крафт имаше голема предност, но по фантастичен скок од 139,5 метри во втората серија, Гранеруд стигна до златото. Така ја продолжи доминацијата на Светското првенство во кое сè појасно е дека ќе биде промовиран како шампион на крајот од сезоната.