Град Скопје поддржа подготовка на студии за идентификување на проблемите во функционирањето на градот

49

-Во Скопје живее една третина од населението во земјата и големите дневни миграции од другите делови на земјата секојдневно го зголемуваат бројот на луѓе во градот. Ова го отежнува функционирањето на градот како систем и создава бројни проблеми, не само од оперативна, административна и финансиска перспектива, туку и од аспект на животната средина. Ова беше потврдено и со пресметаниот отпечаток врз животната средина, што е крајно неповолен- соопшти Град Скопје.

Успехот во политиките и мерките развиени на локално ниво, како што се истакнува во соопштението, зависи, меѓу другото, и од достапноста на примарните податоци собрани од терен што овозможуваат да се согледа реалната состојба.

Имајќи го предвид ова, Град Скопје преку Секторот за заштита на животната средина и природата ја поддржа подготовката на низа студии кои помогнаа да се идентификуваат главните причини и проблеми, како и можностите за дејствување. Секторот за животна средина и заштита на природата има одделенија за квалитет на амбиентниот воздух, адаптација и намалување на климатските промени, заштита на бучава и нејонизирачко зрачење, за заштита и спречување на загадување на водата и земјиштето, за заштита на природата, за стратешко управување со животната средина и секое од нив реализираа многу активности во својата област- наведуваат од Град Скопје.

Како резултат на тоа, градот Скопје располага со големи податочни сетови што не секогаш се користат соодветно или доволно, иако тие се јавно достапни на нивната веб-страница.

-Со прифаќање на иницијативата за Отворено владино партнерство, Секторот се обврза да го олесни пристапот до податоците, преку акцијата 5.4. До отпорно Скопје преку достапност на податоците (од ОВП НАП4)- стои во соопштението.

Извор: Град Скопје