Градски дуел за Чукуензе

833

Лутите градски ривали од англиската Премиер лига, Евертон и Ливерпул, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Вилјареал, Самуел Чукуензе. Во актуелниот договор на крилниот напаѓач има и ослободителна клаузула која ќе биде активирана само доколку официјалната понуда за 21-годишниот фудбалер не биде помала од 70 мил. фунти.